Со својата воена операција во Сирија Русија го засрами американскиот претседател и го натера да размислат за посериозен однос во борбата со ИД, пишува Washington Times.Пентагон одлучи да нанесе воздухопловни удри по големи нефтени објекти на ИД, за која се наоѓа нтешко заменлива опрема. Пентагон има намера да го прекине прозиводтсвото на нафта во нафтените полиња на џихадистите.
Авторот на публикацијата ја нагласува необичностите на фактот дека Вашингтон дури сега сериозно се подготвува за уништување на главниот извор на приход за ИД, при тоа цела година откако Обама изјави намера “да ја ослабне и уништи” терористичката група.
Весникот забележува дека таквите задоцнети активности можат да бидат поврзани со фактот дека претседателскиот мандат на Обама е до крајот и тој се обидува да го остави “создаденото од него безредие” на својот наследник. Оваа ситуација се објаснува сепак со интервенцијата на Русија во сирискиот конфликт. Москва не остави на американската влада друг излез освен да преземе какви било мерки, бидејќи во спротивно лицемерието и неуспехот на тековната од демократите надворешна политика на САД би станале очигледни, резимира весникот.
Нема оправдување меѓународните сили да не направат повеќе за борбата против Исламската држава и групи како неа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од Ројтерс и Франс прес.
“Нема оправдување за терористички акти и нема оправдување за нас да не направиме повеќе за да ги победиме ИД, Ал Нусра и други такви”, рече Лавров во Виена, каде што разговараше со државниот секретар на САД Џон Кери и специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура.
Разговаравме настаните во Париз, кои ги следеа терористичките акти во Бејрут и Ирак. Едногласни сме дека овие акти се неприфатливи на нашата планета, рече Кери по средбата во Лавров во виенскиот хотелот “Империјал”, пренесоа агенциите.
Кери ги окарактеризира овие терористички акти како мешавина од средновековен и современ фашизам. Тие носат разурнувања и страв. Сите ние стреба да се бориме со нив, истакнува државниот секретар.
Тој се состана со рускиот колега пред меѓународните преговори за Сирија во Виена.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерико Могерини изјави дека нападите во Париз даваат друго значење на виенската средба, соопшти АФП.
Средбата во Виена денес стекнува друг смисол во овој тажен ден, рече дипломат број еден на ЕУ пред почетокот на преговорите.
