WhatsApp ќе ги изненади сите кои ја активирале функцијата за автоматско бришење на пораки

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Откако воведе опција за коментирање на препратени документи на десктоп верзијата на WhatsApp, компанијата сега развива нов трик за зачувување на пораките што исчезнуваат во претстојните бета верзии на WhatsApp за Android, iOS и десктоп компјутери.

Последната промена на функцијата која автоматски ги брише пораките по одредено време ќе им овозможи на корисниците да ги задржат и по истекот на рокот за бришење. Системот може привремено да ја конвертира таквата порака во стандардна и да ја задржи во разговорот и по истекот на споменатиот рок.

Зачуваните пораки во моментов може да се читаат во посебен дел „зачувани пораки“, до кој може да пристапат сите учесници во разговорот.

Оваа функција сè уште е во развој, но WhatsApp работи на начини како да ја вгради во десктоп бета верзијата.

Трикот со овие зачувани пораки е што на нив можат да влијаат сите учесници во разговорот, што значи дека ако некој одлучи да задржи порака, друг корисник може да ја исклучи и пораката нема да биде зачувана. Опцијата ќе може да ја прилагодат модераторите кои, пишува изворот, ќе можат да ги менуваат нејзините поставки во поголемите групи.

Датумот на лансирање на оваа функција сè уште не е познат.

Слични содржини