WhatsApp се обврза на поголема транспарентност во политиката за приватност

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Европската комисија денеска објави дека апликацијата WhatsApp се обврзала да биде потранспарентна во однос на нејзината политика за приватност и промените во нејзините услови за користење.

За време на дијалогот со Европската комисија, компанијата потврдила дека личните податоци на корисникот нема да се споделуваат со трети страни или други компании од „Мета Груп“, вклучително и Фејсбук, за рекламни цели.

Дијалогот го координираа Шведската агенција за заштита на потрошувачите и ирската комисија за конкуренција и потрошувачи.

Слични содржини