Новата верзија на WhatsApp за Android сега поддржува и гласовни повици. Функцијата е достапна бесплатно.
Новата верзија на апликацијата доаѓа и со редизајниран интерфејс. Функцијата за гласовни повици е одвоена во сопствен таб и им овозможува на корисниците да ги организираат и проверуваат извршените и пропуштените повици.
Од компанијата дополнуваат дека за неколку недели услугата ќе се нуди и за iOS. WhatsApp не се ангажира со прецизен рок.
Апликацијата има над 700 милиони активни корисници, објави Марк Цукерберг за време на конференцијата F8. Минатата година Facebook го стекна WhatsApp за речиси 22 милијарди долари. Засега социјалната мрежа го исполнува ветувањето дека ќе остави WhatsApp да се развива самостојно и нема да го менува моделот на апликацијата. Таа е бесплатно за првата година, по што има плаќање по еден долар годишно.