Windows 11 пристигнува во октомври, но без бесплатни надградби?

од Stefanija Kuzmanovska
505 прегледи

Додека „инсајдерите“ веќе имаат можност да го тестираат Windows 11 во таканаречената „preview build“ верзија, останатите корисници ќе треба да почекаат до подоцнежниот период во 2021 година за да се запознаат со новиот оперативен систем на Microsoft.

Се покажа дека овој „подоцнежен период“ значи октомври, барем според Intel. Добро познатиот производител на процесори, во својата документација за поддршка за графичкиот драјвер DCH GPU во верзијата 30.0.100.9684, ги наведе Windows 11 меѓу поддржаните оперативни системи компатибилни со споменатиот драјвер.

Тој список на Windows 11 во документацијата не покажува ништо друго освен името на оперативниот систем. Сепак, дигиталната архива на светската мрежа Wayback Machine обезбедува увид во оригиналниот документ, пред тој да биде изменет, и во таа постара верзија за Windows 11, наведен е октомври 2021 година.

Иако ова не е доволно цврст доказ дека Microsoft ќе го објави Windows 11 во октомври, тоа е секако добра основа за таква претпоставка. Во секој случај, повеќето корисници нема да можат да се надоградуваат на Windows 11 дури и ако се појави во октомври, бидејќи Microsoft истакна дека корисниците на Windows 10 нема да добијат бесплатна надградба пред 2022 година.

Слични содржини