Wizz Air ја започнува роденденската промотивна недела со над 1 милион седишта под 1369 денари

од Nikola Popovski
56 прегледи

Wizz Air, најеколошката авиокомпанија во EMEA регионот , го слави својот роденден со неодолива промоција. Од денес до 18 мај, патниците можат да резервираат над 1 милион седишта по цена под 1369 денари за патувања до 28 март 2026 година. Билетите се веќе достапни на веб страницата на Wizz Air и преку официјалната апликација на WIZZ. Понудата важи до 18 мај, а бројот на промотивни седишта е ограничен.

Со мрежа од над 800 рути кои опслужуваат речиси 200 дестинации во повеќе од 50 земји, авиокомпанијата го одбележува овој значаен момент со кампања што ја одразува нејзината долготрајна посветеност на достапни, персонализирани и вредносно ориентирани патувања.

Од својот прв лет во 2004 година од Катовице до Лондон Лутон, Wizz Air пренесе над 437,7 милиони патници, со поддршка од 33 бази во 16 земји, модерна и ефикасна флота од 232 авиони Airbus (66% со нео технологија) и просечна старост на авионот од само 4,66 години – една од најмладите во индустријата.

Оваа промоција исто така ja одразува иницијативата „Customer First Compass“ на авиокомпанијата, која го води секој аспект од патувањето преку четири клучни столба: производ, цена, услуга и комуникација. Со инвестиција од 14 милијарди евра во следните три години, Wizz Air продолжува да се развива заедно со потребите на своите патници, нудејќи ниски цени, поголема флексибилност, непречено искуство и посветена услуга во секој чекор од патувањето.

“Нашиот роденден не е само прослава за нас. Тоа е искрена благодарност до милионите патници кои патувале со Wizz Air од нашиот прв лет. Ова неверојатно патување беше возможно само благодарение на довербата, ентузијазмот и лојалноста на нашите патници низ Европа и пошироко. Без разлика дали планирате викенд патување, посета на семејството или откривање нова дестинација, сакаме да бидеме дел од вашето патување. Со нашата проширена мрежа, модерна флота и нов фокус на персонализација преку нашата иницијатива „Customer First Compass“, сме посветени на тоа патувањето да биде подостапно, поудобно и прилагодено за вас. Оваа прослава е за нашите патници – сегашни и идни – и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме на летот,“ изјави Olivia Harangozo, Менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air.

Со повеќе од 29 рути до и од Северна Македонија, Wizz Air продолжува да го зацврстува своето присуство во земјата. Само во 2024 година, авиокомпанијата реализираше речиси 11.000 летови до/од Северна Македонија и пренесе речиси 15 милиони патници од почетокот на своето работење. Wizz Air моментално има една база во Северна Македонија – во Скопје. Летната програма за 2025 година вклучува проширен избор на дестинации и зачестеност на летови, овозможувајќи им на македонските патници полесно од кога било да ја истражуваат Европа и пошироко по ниски цени.

Слични содржини