Wizz Air нуди 100.000 бесплатни места за украинските бегалци

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air објави дека нуди 100.000 бесплатни места на кратките летови за украинските бегалци.

Авиокомпанијата со седиште во Унгарија на социјалните мрежи објави дека е „посветена“ да им помогне на украинските бегалци да стигнат до нивните дестинации, пишува Би-Би-Си.

Седиштата ќе бидат достапни на летовите на Wizz од Полска, Словачка, Унгарија и Романија во март, соопшти авиокомпанијата.

Повеќе од 660.000 луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на конфликтот, според Агенцијата за бегалци на ОН, а најголемиот дел од бегалците го сноси Полска.

Околу 450.000 украински бегалци пристигнале во земјата, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Павел Сефернакер.

Слични содржини