Благодарение на операцијата во Сирија руското влијание на Блискиот Исток стана невидено додека позициите на САД во регионот слабеат, наведуваат аналитичарите, со кои разговараше The Wall Street Journal.

Според нив, причината за ова е дека поддржувачите на САД веќе не гледаат во Вашингтон сигурен сојузник.На позадината на активните мерки на Русија и Иран во Блискиот Исток станува јасно, губењето на доминантната улога на САД во регионот, пишува весникот The Wall Street Journal . “Американското влијание и учество во делата на регионот го доживуваат најсилниот пад од Втората светска војна”, смета дипломатот Рајан Крокер, поранешен амбасадор на САД во Авганистан, Ирак, Сирија, Либан и Пакистан. Според него, како резултат на политичкиот вакуум во регионот, почнуваат да доминираат токму оние сили кои Вашингтон се обидува да ги задржи. Иако Вашингтон продолжува да биде значителна воена сила во Блискиот Исток, неговите сојузници и противници не веруваат дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат своите пријатели, тврдат аналитичарите. “Во регионот веќе нема ниту една група која ја поддржува САД, што е поразително”, забележува аналитичарот на Меѓународниот институт за стратешки студии Емил Хоча. Така, според неговите зборови, либералните кругови укажуваат дека Барак Обама си препишува авторитарна улога , а автократите гледаат во САД несигурен сојузник. Аналитичарот смета дека САД конечно ја изгубиле доминантата положба во Блискиот Исток. “Оној кој дојде по Обама, нема да има многу просотор. Не гледам стратегија дури за следниот претседател. Отидовме предалеку “, убеден е Хоча. Сојузниците на САД на Блискиот Исток се загрижени и често се обидуваат да прават компромиси со Русија, забележува WSJ. Израел, на пример, минатата година одби да ја поддржи предложената од САД резолуција во Генералното собрание на ОН во врска со Крим, а во моментов не ги критикува руските удари во Сирија.