Стејт департментот бил дел од панел,кој одобрил продажбата на една од најголемите рудници за ураниум на САД на сестринска фирма на руската “Росатом”, во времето кога Хилари Клинтон беше државен секретар. Малку подоцна фондација поврзана со шефот на продавачот има направено голема донација од 2.35 милиони долари на добротворната организација на семејството Клинтон, пишува Wall Street Journal.Продажбата на 51% од Uranium One на сестринска фирма на руската “Росатом” за 610 милиони долари била одобрена во 2010 година од федералната комисија која ги разгледува странските инвестиции.
Меѓу 2008 година и 2012 година Clinton Giustra Sustainable Growth Initiative, проект на фондацијата “Клинтон”, добила 2.35 милиони долари од фондацијата “Фрнвуд” на Иан Телфор, кој раководел Uranium One пред продажба.
За донацијата информираше Питер Швајцер во својата книга “Парите на Клинтон”, кој ги разгледува финансиските трансакции на поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга. Книгата ги дополнува претходните информации за конфликти на интереси меѓу добротворната организација на Хилари Клинтон и нејзиното работење како државен секретар. WSJ извести дека најмалку 60 фирми, во чија корист е лобирање, донираа над 26 милиони долари на фондацијата.
Според портпаролот на кандидатот за президетеласката кампања , книгата “изопачува веќе познати факти и ги претвора во теорија на заговор. Подажбата на Uranium One ” поминала низ вообичаениот процес, а државниот секретар не е вмешан “, гласи официјалното објаснување.
WSJ сепак потврдува и други опишани случаи на судир на интереси во кариерата на Клинтон како државен секретар. Еден од нив е од 2009 година, кога Clinton Giustra Sustainable Growth Initiative добила два милиони акции во Polo Resources – рударско инвестициска компанија, предводена од канадскиот бизнисмен Стивен Детлс. Два месеци подоцна според податоците на WikiLeaks американскиот амбасадор во Бангладеш го притиска енергетскиот советник на премиерот на земјата да ја скрие добивката од отворените рудници, вклучувајќи и во Пхулубари каде Polo Resources има учество.
