Забраната на комунистичките симболи меѓу нацистичките во Украина не само уште ќе го оддалечи Киев од Москва, но и може уште повеќе да го продлабочи расколот во украинското општество, пишува The Wall Street Journal.Законот против комунистичката симболика е одобрен од страна на Врховната Рада откако претседателот Петро Порошенко ги посети масовните гробишта на жртвите од советските репресии во периферијата на Киев и изјави дека Сталин ја започнал Втората светска војна, заедно со Хитлер. Со изедначувањете на улогата на лидерите на СССР и нацистичка Германија, Порошенко провоцира спор на оваа тема.
Сега Украина може да стане уште поделена. Регионите во источниот дел на земјата имаат попозитивен поглед за советското минато. Истовремено, многу националистички настроени Украинци се стремат да ја отфрлат советската историја, за да се избават од влијанието на Москва и да го следат примерот на другите комунистички земји од Централна и Источна Европа, се вели во публикацијата.
WSJ ја цитира изјавата на претседателскиот прес секретарот Дмитриј Песков, дека “… во позадината на ваквите изјави многумина ветерани … ќе го пречекаат празникот 9 мај со солзи на очи”.
И погромите против статуите и спомениците во Украина не задоцнија. Во ноќта спроти саботата иста група маскирани мажи собори во Харков споменици на тројца болшевички лидери – Серго Орџоникидзе, Јаков Свердлов и Николај Руднев. Тоа се случува само неколку дена откако во четвртокот Врховната Рада во Киев усвои закон за декомунизација на Украина.
На видео-снимка, распространета на интернет, се гледа дека мажи маскирани и користат ист бел минибус ги рушат статуите, а еден од скршена биста е натоварена во него и исчезнува во непознат правец.
Видеото е насловено “Громадата (заедницата) на Харков го внесе во акција законот за осуда на комунистичкиот режим”.
