XBUS наскоро доаѓа на пазарот

од Vladimir Zorba
347 прегледи

XBUS EV е најатрактивниот електричен модел, а најновите вести велат дека наскоро ќе пристигне на пазарот.

Статистиката вели дека околу 90 отсто од стартапите во Германија пропаѓаат во првите три години. Меѓу нив не е ElectricBrands, компанијата која стои зад преслаткиот XBUS EV за кој слушаме три години. Сега дознаваме дека наскоро ќе се најде во продажба. Поточно, првиот човек на компанијата Макс Брант потврди дека лансирањето на пазарот ќе се случи на крајот на следната година, а најдоцна на почетокот на 2025 година.

Немало поголеми промени во однос на првичниот концепт. Дополнително, модуларноста е зголемена, но сè уште постои идејата дека со помош на 10 заменливи модули, овој модел може лесно да се менува од, на пример, комбе во кабриолет и минијатурен кампер.

Заедничко за сите верзии е теренската карактеристика подобрена со AWD погонот, подигнатиот долен дел и дополнителната заштита на каросеријата. Стартната батерија има капацитет од само 10 kWh и обезбедува автономија од 200 km. Во понудата ќе има и батерија од 30 kWh за автономија до 600 km. Доколку се сомневате во опсегот, имајте на ум дека ова возило тежи само 600 килограми, а вкупната погонска моќ е 76 КС.

Компанијата моментално ги намалува трошоците за да остане во опсегот на најавените цени во 2021 година. Имено, тогашните проекции велеа дека XBUS може да се комерцијализира по почетна цена од 18.070 евра (во Германија), додека камперот како врвна верзија би чинел околу 34.300 евра, односно 36.850 евра во offroad верзијата.

Моделот нема да се произведува во Германија, но за производство е задолжена VDL Nedcar, која моментално го произведува BMW X1.

Слични содржини