Xerox и Fotoba постигнаа нов рекорд во печатењето листови со широк формат

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Режачот има една хоризонтално и до четири вертикално поставени острици за режење за постигнување печатење на целата хартија. Системот ги чита вградените ознаки за режење на секоја хартија и ги усогласува и постојано ги прилагодува блоковите за режење за постигнување резови со прецизност до 0,04 инчи (1 милиметар).

Xerox ја започна соработката со Fotoba со цел прилагодување на режачот за да биде во склад со клучните спецификации IJP 2000, вклучувајќи брзини на синхронизација при 4.520 квадратни стапки (420 квадратни метри) по час за ист опсег на медиумот. Медиумите вклучуваат мат премачкана хартија, сјајна фотографска хартија, хартија со сина заднина и филмови со осветлување – благодарејќи на што печатарите може на клиентите да им понудат широка палета на примени.

Освен постигнување на брзо печатење, флексибилните можности на режачот овозможуваат извршување на работата од која било големина без складирање на неколку големини ролни или нивни чести промени, со што се штеди време и пари. Потребно е минимално одржување благодарение на остриците кои самите се острат.

IJP 2000 и Fotoba FHS42 Cutter беа претставени на саемот FESPA (Европско здружение на печатари) 2015. во германскиот град Келн, од 18-ти до 19-ти мај.