Xiaomi и Oppo исто подготвуваат паметни телефони со дисплеи на преклопување

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Според информациите од корејското издание, ET News, Xiaomi и Oppo активно се вклучени во конкуренцијата за лансирање на паметни телефони со дисплеи на преклопување. Двете кинески компании веќе контактирале со добавувачи на компоненти за да преговараат за потребните делови за склопувањето на овој тип на уред. Клучните компоненти, кои издаваат такви намери, се самите шарки и самите екрани на преклопување.

Според извори на ET News, двете компании главно се ориентирани кон локални производители, но исто така е можно LG Display да добие нарачки. Засега, не е јасно какви точно се намерите на Оppо, додека Xiaomi треба да работи на телефон кој се отвора нанадвор. За сега, другото големо прашање е дали Xiaomi ќе може да понуди таков вид производ по пониска цена од конкуренцијата, што е практика со другите нивни уреди.