Xiaomi YU7 е на пазарот само неколку недели, но веќе стана толку популарен што компанијата не може да ги испорача возилата во разумен рок.
За само 18 часа по премиерата, беа примени повеќе од 240.000 нарачки, па новите клиенти сега добиваат проценето чекање од 56 до 59 недели.
Поради зголемениот број поплаки за должината на листата на чекање, основачот и извршен директор на Xiaomi, Леи Џун, објави порака на социјалните мрежи во која им порача на оние кои „итно“ сакаат електричен автомобил да размислат за други кинески модели – меѓу кои, сосема неочекувано, го препорача Model Y на Tesla, директен конкурент на Xiaomi YU7.
„Ако треба брзо да купите автомобил, другите кинески електрични модели се многу добри“, напиша Џун, додавајќи: „Моделот Y е одличен автомобил, а Tesla вчера објави неколку промоции, па затоа вреди да се разгледа.“
Зошто YU7 е толку баран?
Огромната побарувачка е донекаде очекувана – почетната цена е 253.500 јуани (35.300 долари), а автомобилот нуди:
* 800V архитектура (полнење до 80% за само 13 минути)
* досег до 835 км со едно полнење
* мотор од 315 КС во стандардната верзија
Покрај основната верзија, се нудат и следниве:
* Pro верзија со 489 КС и
* Max верзија со 681 КС и батерија од 101,7 kWh, со цена од 46.000 долари
Засега, моделите на Xiaomi EV се продаваат само во Кина, но компанијата планира глобално лансирање во наредните години – а кога тоа ќе се случи, директно ќе се натпреварува со Tesa на меѓународно ниво.