Xiaomi Mi 7 ќе се забави поради проблеми со хардверот за 3D препознавање на лицето

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Според информации на онлајн изданието DigiTimes, Xiaomi ќе ја одложат за неколку месеци премиерата на својот предводник Mi 7. Причината е дека во моментов се уште има сериозни проблеми со 3D препознавање на лицето што ќе ја принуди компанијата да лансира телефон дури во третиот квартал.

Според студија на DigiTimes, пречките доаѓаат од интеграцијата на хардверот за 3D скенирање кон актуелните мобилни процесори и недостатокот на соодветен софтвер. Главните проблеми се уште нискиот степен на препознавање и бавниот развој на софтвер од страна на Qualcomm. Токму гигантот е најблиску до понудата на остварливо решение за 3D препознавање на лицето. Тоа е заеднички развој со Himax Technologies и Truly Opto-electronics и најверојатно ќе биде финализиран за неколку месеци.

Во исто време, производот е компатибилен само со Snapdragon 845, што ги спречува Samsung и Huawei да го користат во своите модели, кои се опремени со процесори од сопствени развој.

Затоа Xiaomi најверојатно ќе биде првиот кој ќе понуди производ со Android и 3D препознавање на лице на пазарот, но тоа нема да се случи до есен.

Слични содржини