Xiaomi подготвува електричен автомобил?

од Vladimir Zorba
474 прегледи

Откако минатата година Huawei објави дека планира да го прошири својот бизнис во автомобилската индустрија, се чини дека Xiaomi се движи во таа насока. Информациите што доаѓаат од Кина сугерираат дека компанијата прави планови за својот прв е-автомобил.

Технолошкиот гигант смета дека изградбата на сопственото електрично возило е стратешка одлука, тврдат извори од Кина. Деталите за идниот проект, како и плановите за негова реализација сè уште не се дефинирани, така што се разгледуваат голем број опции, пренесува GizmoChina.

Проектот, како најупатен, треба да го води лично основачот и извршен директор на Xiaomi, Леи Џун. Тој се сретна со директорот на Tesla, Елон Маск, во два наврати во САД во 2013 година, а сега се чини дека интересот за таа област повторно порасна.

И, тој интерес, се чини, доаѓа во време кога пазарот на паметни телефони се соочува со стагнација, додека популарноста на електричните автомобили расте.

Xiaomi, сепак, досега не ги коментираше овие информации.

Слични содржини