Еден од светските лидери во производството на паметни телефони – Xiaomi, ја заврши регистрацијата на подружница компанија која ќе се занимава со производство на електрични автомобили, објави во средата кинеската компанија.
Kапиталот на новата компанија е 10 милијарди јуани (околу 1,5 милијарди долари), а најавено е дека ќе се занимава со производство на електрични автомобили под сопствен бренд.
Наводно, Xiaomi веќе избрал 300 професионалци и специјалисти за работа во новата компанија, но продолжува да бара високо квалификувани работници и инженери.
Кон крајот на јули, Xiaomi објави дека формира подружница за развој на автоматски систем за управување со возила без возач.
Xiaomi е основана во 2010 година. Наскоро влезе во кругот на најголемите светски производители на паметни телефони. Кон крајот на 2018 година, компанијата спроведе ИПО на берзата во Хонг Конг.
На крајот на минатата година, пазарната капитализација на Xiaomi изнесуваше повеќе од 100 милијарди долари.