Пред само три и пол години, кинескиот технолошки гигант Xiaomi го прошири својот бизнис на производство на електрични седани, кои станаа исклучително популарни на пазарот, а сега оваа компанија има високи амбиции бидејќи има намера да ја удвои својата продажба со помош на својот прв SUV кој е важен дел од стратешкиот план. Исто така, Кинезите работат на интригантен трет модел.
Основачот и извршен директор на Xiaomi, Леи Јун, откри дека компанијата испорачала повеќе од 135.000 единици од електричниот седан SU7 во 2024 година. Тоа е особено импресивна бројка ако се земе предвид фактот дека автомобилот е во продажба од март и дека компанијата се надеваше дека ќе продаде 100.000 единици до крајот на годината.
Сепак, продажбата на SU7 станува се поуспешна, со 14.296 продадени примероци во јуни, додека темпото малку забави во јули, август и септември. Сепак, октомври беше одличен со испорачани 20.726 автомобили, а ноември уште подобар со продадени 23.156 автомобили.
Во рамките на прославата на 15-годишнината на компанијата, Xiaomi ја претстави специјалната розова верзија на моделот SU7, која е ексклузивно достапна преку апликацијата Xiaomi EV од 1 јануари, а има уникатни розови и сребрени бандажи.
Неодамна претставениот втор модел на Xiaomi е теренецот YU7. Техничките спецификации сè уште не се откриени, но најверојатно ќе има многу слични спецификации со седанот SU7. Тука спаѓаат батериите со капацитет од 73,6, 94,3 и 101 kWh. Сите верзии на YU7 ќе се продаваат со два електромотори и погон на четири тркала. Ќе има мотор со 299 КС напред и 391 КС во задниот дел, па вкупната моќност ќе биде 690 КС.
YU7 ќе биде малку поскап од моделот SU7, но цената сепак ќе биде привлечна и ќе се движи помеѓу 34.200 и 41.000 долари. Испораките започнуваат во јуни или јули оваа година.