Кинескиот производител Xpeng претстави нова генерација на електричниот седан P7, кој привлекува внимание со својот радикален дизајн и технологија што ретко се гледа дури и кај луксузните брендови.
Најголемото изненадување во кабината е огромниот 87-инчен хед-ап дисплеј, кој се протега низ целото ветробранско стакло.
Исто така, тука е и спортскиот волан со контроли за прилагодување на режимите на возење, амбиенталното осветлување и седиштата со странични потпирачи што автоматски се прилагодуваат во кривини.
P7 доаѓа во верзии со еден и два мотори и максимална моќност до 594 КС (437 kW), а досег, во зависност од моделот, се движи од 702 до 820 км според WLTP стандардот.

Благодарение на ултра брзото полнење 5C, може да се добие опсег до 436 км за само 10 минути.
Дизајнот комбинира футуристички линии со светлосни ленти кои се протегаат по целата ширина на возилото, а задниот дел наместо класичната врата на багажникот има големо закривено стакло.
Во однос на димензиите, P7 е сличен на Tesla Model S, а цената сè уште не е откриена – но се очекува добра понуда што би можела да привлече европски купувачи.