
Sony Xperia XZ4 е новиот предводник на компанијата на смартфон пазарот, кој ќе го видиме за прв пат на MWC 2019 на крајот на месецот. Настанот ќе се одржи од 25-ти до 28-ми февруари, и ова изгледа како еден од најинтересните модели на изложбата во Барселона. Sony Xperia XZ4 ќе биде опремен со голем 6.5-инчен OLED екран кој поддржува QHD + резолуција од 3360х1440 пиксели и сооднос на екранот од 21: 9. Компанијата исто така ја патентираше трговската марка „CinemaWide“.
Информацијата беше објавена од холандското онлајн издание LetsGoDigital кое тврди дека токму претстојниот предводник ќе биде првиот модел со „CinemaWide“ екран. Самиот термин е поврзан со нетрадиционалниот за мобилната индустрија формат 21: 9, кој ќе го претвори смартфонот во оптимален избор за гледање мултимедија, работа со апликации и игри. Големиот екран исто така ќе го олесни уредувањето и додавањето на специјални ефекти на фотографиите што ги правите од уредот.
Дополнително ќе дознаеме какви подобрувања не очекуваат во „CinemaWide“ дисплеите, како и дали ќе најдат место и во други смартфони на Sony. Други спецификации вклучуваат Qualcomm Snapdragon 855 процесор, 6GB RAM меморија и 4400mAh батерија. Според непотврдени информации, Xperia XZ4 исто така ќе има класичен 3.5mm аудио приклучок. Останува да бидеме вооружени со повеќе трпеливост за да дознаеме кои други подобрувања нè очекуваат во овогодинешниот предводник на Sony на пазарот на паметни телефони.