По неколку месеци развој, инженерите на YouTube веќе се подготвени за првата апликација за деца. Таа ќе се појави во Google Play Store за Android на 23-ти февруари годинава, објавија USA Today.
Апликацијата ќе се вика YouTube Kids. Таа ќе се разликува од стандардната верзија со елегантен и едноставен интерфејс. Ќе има само неколку големи икони за различните менија, а на почетната страница ќе бидат прикажани популарните во моментов детски емисии и филмови. Ќе има и своевидно радио, кое ќе дава пристап до клипови со детски песни.
Образовната содржина е одвоена во самостојна секција. Родителите ќе имаат посебна секција со повеќе подесувања кои им овозможуваат поголема контрола над апликацијата. На располагање е и функција која го исклучува по одреден период на време. За да се пушти повторно, ќе треба да се воведе лозинка.
YouTube Kids е развиена од страна на инженерите на видео порталот, кои имаат деца.Апликацијата е тестирана и од специјализирани организации.”На годишна основа, растот на поминатото време во YouTube е 50%. Но кога ќе ги погледнеме само каналите кои нудат соодветна содржина за семејства и деца, растот е околу 200%”, коментира Шимрит бен-Аир, продукт менаџер на проектот.Токму овој чекор до се интерес на YouTube е причината компанијата да направи специјализирана апликација за деца.