YouTube ги блокираше каналите на RT и Sputnik во Европа

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Видео сервисот YouTube ги блокираше каналите на рускиот државен медиум RT и Sputnik низ Европа поради ситуацијата во Украина, соопшти денеска компанијата во сопственост на американскиот технолошки гигант Google.

Беше кажано дека таквата одлука ќе стапи во сила веднаш, пренесe Ројтерс.

„Ќе биде потребно време нашите системи да бидат целосно редизајнирани. Нашите тимови продолжуваат да ја следат ситуацијата дење и ноќе за да преземат брза акција“, се вели во соопштението на портпаролот на YouTube.

Ваквите мерки уследија по слични акции на компанијата-мајка на Facebook, Meta Platforms, која вчера објави дека ќе го ограничи пристапот до телевизиската мрежа RT и новинската агенција Sputnik на нејзините платформи низ Европската унија.

Twitter, исто така, најави дека ќе ја намали видливоста на твитови кои содржат информации од медиумите под контрола на руската држава.

Слични содржини