YouTube ја лансираше својата прва музичка мобилна апликација

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Видео порталот YouTube е еден од најпопуларните начини за слушање и откривање на бесплатна музика на интернет. Компанијата ќе се обиде да го искористи тоа преку новата апликација YouTube Music што веќе е достапна за Android и iOS.

извор: Lucy Nicholson/Reuters

извор: Lucy Nicholson/Reuters

YouTube Music е создадено со идејата “музиката никогаш да не престане” и да помага за промовирање на нови изведувачи. Апликацијата е бесплатно со реклами. Има и опција да се активира платена претплата преку услугата YouTube Red.

Со апликацијата може да се бара како оригинални над 30 милиони песни, така и концертни настапи и дури караоке верзии. Корисниците имаат можност да бараат и клипови кои учат како се свири на дадна алатка. Пребарувачот на апликацијата е дизајниран да покажува само резултати, кои се поврзани со музика, а било која друга содржина се пропушта.

YouTube Music не може да се користи за создавање на плејлисти. Оваа функција останува за Google Play Music. Апликацијата на видео порталот ќе генерира секојдневни листи автоматски, во кои ќе бидат содржани омилени песни на корисникот, како и нови предлози кои може да му се допаднат.

Компанијата сака апликацијата да не е замена за оригиналниот начин на кој се слуша музика, а да е прилог и помошник во моментите кога се во движење или само сакаат да се опуштат. Апликацијата веќе е достапно за потрошувачите во САД, а се очекува постепено да се појави и во други земји.