„YouTube“ тивко тестира 5 реклами наместо 2 и нема прескокнување (ФОТО)

од Nikola Popovski
270 прегледи

„YouTube“ тивко имплементира нов формат на реклами, почнувајќи од септември 2022 година.

Претплатниците кои не се на „YouTube Premium“ ќе добијат до 5 реклами што не може да се прескокнат пред да започне видеото.

Веста изби кога неколку корисници на „YouTube“ почнаа да се жалат на „Twitter“ и „Reddit“ дека добиваат 5 реклами наместо 2, пред воопшто да го гледаат видеото.

По тој повод, YouTube излезе со официјален одговор на „Тwitter“ во кој ја признава ситуацијата и наведува дека новиот „феномен“ од 5 реклами ќе им се појави на корисниците кои гледаат одредени формати на реклами познати како „bumper ads“.

Како што објасни YouTube, овие реклами се кратки, обично траат околу 6 секунди и не можат да се прескокнат, наведува „Телеграф“.

„Bumper ads“ сè уште не се видливи за сите корисници на платформата бидејќи „YouTube“ се чини дека го тестира новиот формат меѓу одредена група корисници.

Засега повеќето корисници добиваат само две реклами пред да започне видеото, а не се знае точно кога системот со пет реклами ќе им се „сервира“ на сите корисници.

Слични содржини