YouTube објави нови кратки реклами, кои не можат да бидат пропуштени, со цел да ги принуди младите луѓе да ги гледаат, пренесува Independent.
Шестсекундните клипови се нарекуваат Bumper ads и од Googlе велат дека се воведени, бидејќи се повеќе и повеќе од корисниците гледаат видеа на нивните телефони.
Традиционалните реклами на YouTube можат да продолжат доста повеќе од 1 минута и затоа сајтот дава на луѓето можност да ја пропуштаат рекламата по неколку секунди, на тој начин овозможуваат на луѓето да го видат почетокот и сами да проценат дали сакаат да ја догледат.
Новите реклами се предвидени да им овозможат на компаниите да се рекламираат на луѓето преку телефоните. Половина од луѓето на возраст 18-49 години гледаат клипови на смартфоните, дури и кога се дома и рекламите се наменети специјално за нив, објаснуваат од Google.
Новите реклами на YouTube успеваат да направат повеќе луѓе да погледнат во нив, потоа да запомнат и да размислуваат за евентуална набавка на прикажаните производи.
Компаниите можат да почнат да купуваат реклами во мај, но некои од нив веќе се појавија на YouTube за тестирање.
