Се зависи од нашата политичка зрелост. Јас не би се врзувала за конкретни години, но на конкретни политики кои значат реформа на државата и кои ја прават уште по посакуван партнер на Унијата, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за „24 инфо“ околу можниот датум за полноправно членство на Македонија во ЕУ.
Зајкова истакнала дека би сакала полноправното членство во Унијата да се случи и многу побрзо од 2030 година.
-Ништо не е невозможно но се зависи од тоа колку како политичари ќе покажеме сериозност и волја на овој пат и колку ќе покажеме спремност да ги надминеме интересите на партиите и популизмот и да спроведеме вистински реформи во клчни и значајни области кои ќе значат чекор поблизу до целосна интеграција, изјавила Зајкова.