164
Пратеничката од редовите на ЛДП Моника Зајкова во емисијата 24 анализа на Тв24 изјави дека студентите не смее да се користат како алатка за остварување на одредени политички сцени.
– Критериумите кои беа вметнати во првичниот закон, точно е дека беа направени во консултација на МОН. Сакам да дадеме реално системско решение кое ќе биде трајно и одржливо и сите сакаме да се зголемува цената на таа субвенција и беше договорено дека во изнаоѓањето на таквото решение до 15 март треба да има покажување на субвенцијата. – рече Зајкова.