За 1,4 отсто намален прометот во трговијата на мало со храна

од Берта Китинска
259 прегледи

Државниот завод за статистика евидентира намалување на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, номинално за 1,4 проценти, а реално за 8,5 проценти во јануари годинава во однос на јануари лани.

-Прометот во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво во јануари годинава во однос на јануари лани номинално е зголемен за 12,8 проценти, а реално за 9,9 проценти), а во групата Трговија на мало, освен трговија со горива за 5,7, односно за 0,6 проценти.Кај прометот трговијата на мало со автомобилски горива статистиката бележи номинално зголемување за 61,5 проценти, а реално за 25,6 проценти, објави ДЗС.

Слични содржини