За сто години ќе живееме во подводни градови или во куќи кои се изградени со помош на 3Д-печатачи, судејќи според извештајот на компанијата Smart things.
Според зборовите на академиците, „земјодерите“ всушност ќе претставуваат живеалишта од 25 ката и сосема нормална појава, поради недостаток од простор.
Од иста причина, еден ден ќе се живее и под вода. Персоналните дронови ќе бидат најпрактичен вид транспорт, а некои дури предвидуваат дека луѓето ќе може да ја земат со себе целата куќа кога некаде патуваат.
– Нашите животи денес не може да се споредат со животите на луѓето од пред стотина години. Интернетот целосно го смени начинот на кој комуницираме и учиме. Работите што некогаш беа незамисливи, денес се дел од реалноста. Kој знае што го чека човештвото во следниот век -велат од Смарт тингс компанијата.
Се предвидува и дека храната која ќе може да се „симне“ од интернет и ќе се испечати со 3Д-печатач. Ако некому животот на Земјата случајно му здодее, ќе биде доволно да купи билет за патување на Месечината или на Марс, велат академиците од компанијата.
Ви звучи ли вам ова реално?