Покраините и сувите региони на Сахара можат повторно да “позеленат” во наредните 100 години и да се претворат во савана како резултат на наглото зголемување на нивото на дождовите, предизвикано од глобалното затоплување.
Тоа го изјавуваат климатолозите во напис објавен во списанието Earth System Dynamics. “Глобалното затоплување може да предизвика навистина радикална промена на климата. Во повеќето региони во светот тоа предизвикува суши и доведува до намалување на влажноста, но во сувиот Сахел, во предградието на Сахара, ќе се случи токму спротивното. Ќе се подобри ситуацијата со пристапот до вода и регионот ќе стане способен за развој на земјоделството и сточарството “, раскажа Јакоб Шеве од Институтот за климатски истражувања во Потсдам.
Пустината Сахара е најголемото безводно и речиси безживотно место на Земјата по Антарктикот и Арктикот. Таа сепак не секогаш била покриена со песок. Во не толку далечното минато, само пред околу 30-35 000 години, Сахара претставуваше џиновска зелена рамнина, покриена со тревни растенија и грмушки.
“Зелената” Сахара, како што сметаат денес антрополозите, им помогнала на нашите предци да ја напуштат Африка и да се раселат по светот. За последните неколку милиони години Сахара е неколку пати позелена и се претвора во пустина, менувајќиго својот изглед заедно со климатските флуктуации на Земјата, потсетува Шеве. Денес климата се менува исто толку брзо како и во времињата кога Сахара се претвора во савана или пустина, што ја родило теоријата на германскиот научник.