За 5 часа санкции за 141 пешак

од Nikola Popovski
433 прегледи

Денеска (21.02.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

Притоа санкционирани се 141 пешак од кои, 80 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 57 за минување на црвено светло. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

-Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, соопштија од полицијата.

Слични содржини