За 6 часа санкционирани 21 пијани возачи

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Во текот на изминатата вечер (27/28.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 21 возач. За време на контролата биле санкционирани и 20 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила, порачаа од МВР