За 60 секунди зема милион долари: Саманта за момент се врати во „Сексот и градот“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
736 прегледи

Долгоочекуваното враќање на актерката Ким Катрал во улогата на неповторливата Саманта конечно се случи во големото финале на втората сезона на серијата And just like that. Актерката за само шеесет секунди земала вртоглава сума на пари.

Иако претходно изјави дека никогаш не сака да се врати во „Сексот и градот“ или да го игра ликот на Саманта, бидејќи тоа поглавје, како што рече, за неа е засекогаш завршено – и конфликтот со главната актерка и продуцент на серијата Сара Џесика Паркер, која го толкува ликот на Кери Бредшо, Ким Катрал сепак се предомислила.

Според извори за американските медиуми, Ким Катрал добила повик лично од директорот на продукцијата на HBO, кој ја замолила за момент да се врати во серијата и да ја каже сумата што сака да ја добие за своето појавување.

Ким Катрал побарала милион американски долари за сцена која трае само 60 секунди. Имала и дополнителни барања. Таа не сакала да се појави на сетот ниту да се сретне со колешките со кои со години работеше на серијата и филмот, а особено не сакала да се сретне со Сара Џесика Паркер.

Затоа сцената со Саманта е снимена одделно – во автомобил, додека таа наводно телефонски разговара со Кери Бредшо.

Нејзиното појавување предизвика огромна радост кај фановите.

Слични содржини