За академската заедница непознаница што ќе се менува во Законот за високо образование

од Mimi Spasovska
343 прегледи

По информациите во јавноста дека Законот за високо образование до крајот на годината би можел да претрпи измени, професори од овој најголем и најстар универзитет во земјата алармираат дека факултетите и професорите немаат официјални информации какви измени предложил ректорот Никола Јанкуловски.

Деновиве Тони Дескоски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, на својот фејсбук-профил објави статус во кој кажа дека сосема случајно дознал дека некој во име на Универзитетот поднел некаква иницијатива за измена на Законот за високото образование од 2018 година.

Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, пак за медиумите изјави дека Министерството за образование и наука побарало од Интеруниверзитетската конференција да се поднесат предлози за Законот за високо образование.

Дел од професорите на УКИМ со кој разговарше „Локално“ пак ни кажаа дека немаат информации ниту кои се челновите на работната група. Според нивни сознанија, во прашање се предлози кои во форма на забелешки на Законот се разгледани единствено од Интеруниверзитетската конференција и се доставени до Министерството за образование и наука.

И Од Незвисниот Академски Синдикат НАКС велат дека на последниот состанок кај министерот за образование Јетон Шакири им било кажано дека е формирана работа група за законот и оти побарале да бидат вклучени.

Елена Џукеска, претсеадтел на НАКС, за „Локално“ вели дека во Министерството им било ветено оти ќе бидат вклучени во работаната група, но дека засега ниту како синдикат немаат инфомации што содржат промените

„Не сме добиле  покана да учествуваме во работната група,не ни е доставена информација што точно се подговтвува и не е побарано наше мислење.  Ние побаравме да учествуваме во работната група, но до овој момент нема таква покана да учествуваме во работната група“, вели Џукеска.

Има ли потреба да се менува Законот?

Кога не се знае што се предлага за менување, текшо е да се коментира дали тоа е потребно , велат дел од професорите со кои контактираше „Локално“, но  тие поради немањето информации, засега не сакаат да коментираат јавно.

Меѓутоа професор со кој разговаравме посочува дека има работи за менување во Законот потсетувајќи дека тие своевремено пред  да се донесе законот во 2018 година, барале, на пример, автоматски со пензионирање на наствник да има вработуавње на факултетите. „Тоа беше една од главните цели на претходниот закон“, вели нашиот соговорник потестувајки дека  во последен момент е тргната таа точка.

„Дали со новите измени се планира да се актулизра прашањето на вработување на нови кадри на факултетите? Тоа е главниот проблем и со тоа ќе се реши вработувањето на младите“, вели нашиот соговорник.

Но додека за академската заедница во јавноста е важно  да се решат овие прашања, во јавноста пак засега има само неофицијлни информации дека со нивните решенија, меѓудругото, се предлага продолжување за една година на мандатот на ректорите, деканите, продеканите и сенаторите, како и воведување на број на објавени трудови со импакт фактор во реномирани списанија за доцент, вонреден и редовен професори.

Како што е познато, Измените на Законот за високо образование ги покренаа протестите на академскаат зедница и студентскиот пленум во 2015 година.

Проф.Елена Џукеска

Проф.Елена Џукеска

На прашање дали има потреба од промени на Законот и Професорката Елена Џукеска, која е претседател на НАКС, вели дека искуството од овие неколку години покажале оти на пример има потреба од промени во делот  на контролата на квалитетот на високото образование.

„Да, за тоа има потреба од промени. Но, за другите работи без поопсежна  дебата  не треба да се пристапува кон промени”,вели Џукеска.

Законот за високо обрааование беше донесен во 2018 и со него се планираа големи промени во високото образование меѓу кои нов начин на студентско организирање, нови институции кои ќе ги мерат квалитетот и работата на високообразовните институции, повеќе надлежности во рацете на професорите, односно наставно-научните совети, а слабеење на моќта на деканите и на ректорите.

Професори во разговор за „Локално“ посочуваат дека дека има простор за промени во институциите кои го мерат квалитетот и работата на високо образовните институции. Според нив тие измени се потребни со цел овие институции да работат и потранспарентно. Нивниот впечаток е дека некои од овие институции не профукционираа иако формално постојат, додавајќи дека потребно е некои од овие тела да влезат во меѓународни европски инстуитуции, кои би гарантирале и за нивниот квалитет.

За потсетување со Законот кој се донесе во 2019  година, новина беше формирањето на Агенција за квалитет.

Со ова Агенција за квалитетво високото образование и Национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност се новите институции што треба да  го обезбедуваат, оценуваат, развиваат и унапредуваат квалитетот на високото образование.  Практично Дотогашниот Одбор за акредитација и евалуација на високото образование се подели во два посебни органа.

Националниот совет  има задача да го следи развојот на високото образование и неговата усогласеност со европските и меѓународните стандарди, за што еднаш годишно треба да  поднесува извештај до Собранието и до Владата со предлог-мерки, решенија и препораки за подобрување на високообразовната дејност.

Органи на Агенцијата за квалитет всушност ќе бидат Одбор за акредитација на високото образование и Одбор за евалуација на високото образование, а агенцијата ќе ја води директор.

Но, според забелешките на дел од професорите, некои од овие институции иако имаат задача на одреден период да дадат акредитација за одредени програми или работата на одреден факултет, тие не се доволно транспарентни, посочувајќи дека во јавноста нема информација, на пример, дали овие инситуции одбиле некој факултет или програма за акредиатција за овој период .

М.С.М.

Слични содржини