За да не се дозволи толкување на корените на државите бараме сеопфатен договор со Бугарија, вели Маричиќ

од Берта Китинска
197 прегледи

„Толкувањата за историските корени на државите во Европа е напуштено по Втората светска војна. Токму затоа ние инсистираме точките за кои се разговара со Бугарија да се определат јасно и недвосмислено во денешен концепт“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека историјата не може да ја промениме, иако може да имаме различни позиции за некои епизоди или личности.

„Она што е денес предмет на разговори треба да има втемелност на концептот за правна држава, базирано на европските вредности, а не да се интерпретира карактерот на некоја држава или на некој народ“ изјави Маричиќ.

Тој додаде македонскиот јазик и макеоднскиот идентитет не се и не може да бидат предмет на преговори.

„Секоја држава може да има различно видување, но тоа не би требало и не може да има импликации врз меѓународниот поредок и статусот на нашиот јазик. Ние бараме решение, што ќе биде еднакво добро за двете држави, но без да се навлегува во идентитетот и јазикот“ потенцираше Маричиќ.

Слични содржини