396
Околу 500 поштенски шалтери во над 300 точки на Пошта на Северна Македонија низ целата држава набрзо почнуваат со вршење на платниот промет со што очекуваат да се зголеми квалитетот на услугите во земјата, но и намалување на редиците пред банките.
„Нашите партнери Халкбанка веќе најавија дека покрај стандардните банкарски услуги на поштенските шалтери ќе се понудат и други, кои освен за комитентите на банката ќе бидат достапни и за сите кои ги користат услугите на Пошта“, велат оттаму.