За време на дводневната продажба на „Амазон“, која се одржа на 16 и 17 јули, потрошувачите потрошиле рекордни 14,2 милијарди американски долари за купување преку Интернет.
Резултатот ги надмина очекувањата на аналитичарите, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на податоци од Adobe Analytics.
Настанот, познат како Amazon Prime Day, е достапен само за претплатниците на услугата Prime, која чини 139 долари годишно, но за возврат дава попусти на испорака, услуга за стриминг и други бонуси, пренесе Мина.
Во текот на првиот ден од настанот, корисниците потрошија 7,2 милијарди долари, што е рекорд за дневната продажба на Amazon. Вкупната вредност на онлајн продажбата за време на настанот минатата година беше 12,7 милијарди.
„Амазон“ исто така потврди дека овогодинешната продажба била рекордна, но засега не објави никакви бројки.