ТУРСКИОТ министер за одбрана, Хулуси Акар изјави денеска дека се извршени најмалку 62 летови за евакуација од меѓународниот аеродром во Кабул во последните два дена.
Акар додаде дека турските војници и другите војници на НАТО биле вклучени во обидите да се воспостави мир во Кабул, пишува ТАСС.
Тој, исто така, изјави дека Турција била ангажирана во разговори со САД и другите сојузници во НАТО, како и со други земји, во врска со предлогот на Анкара турските војници да продолжат со операцијата за заштита на аеродромот.
– Размислуваме за продолжување на нашиот ангажман доколку се исполнети потребните услови, рече Акар.