За еден ден веселба, цел месец на пост: Колку чини новогодишната трпеза оваа година?

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Маркетите, пазарите и месарите се полни со производи, плановите за тоа што ќе има на новогодишната трпеза веќе почнуваат да се „кројат“.

Традиционално за најлудата ноќ покрај музиката потребнo е и вкусна храна.Сарма, руска салата, кифли, свинско печено, вино и задолжително нешто слатко се најчестите деликатеси кои ги има на повеќето македонски трпези.

Колку чини новогодишната трпеза?

Цената на свнското месо во месарите се движи од 320 до 360 денари за килограм, слична цена има и свежиот пилешки стек, за разлика од нив оние кои се спремни да посегнат подлабоко во својот џеб и на трпезата да сервираат телешко месо, за еден килограм ќе треба да издвојат до 800 денари.

Во маркетите се нудат и готови кифлички чија цена се движи од 150 до 250 денари за килограм, а ако има кифли тогаш мора да има и руска салата чија цена е до 300 денари, а доколку би ја правеле дома таа би ве чинела околу 600 денари.

Оние кои ќе сакаат да „свиткаат“ сарми ќе треба да одвојат од 50 до 100 денари за 1 кг. листови од зелка и уште околу 400 денари за 1 килограм мелено месо. Со оваа храна задолжително доаѓа добро вино (просечно чини околу 150 денари), пиво (50-80 денари) или сок (70 денари).

Неизбежно е на крајот да се проба и нешто благо кое може да биде дома спремено или готово купено. Така да ако некој сака баклава тогаш ќе треба да одовои околу 400 денари за 1 килограм, додека пак цените на ролатите се движат од 300 до 600 денари во зависност од бројот на прачињата.

Воедно, покрај новогодишната трпеза, треба да има и подароци за најблиските.

Сето ова, според пресметките граѓаните ќе ги чини од 4000 до 8.000 денари. За некои овој трошок е неизбежен, бидејќи сепак еднаш е Нова година додека пак оние со поскромни примања велат дека не се празнува само Нова година туку потоа следуваат и Бадник и Божиќ, а треба да се мисли и на тоа како да се истурка месецот до крај.

Нова година во услови на економска криза и пандемија

-Иако се нудат некои акции сепак цените се високи, очекувам и пазарџиите да ги кренат цените.Не знам колку можеме да си дозволиме богата празнична трпеза, вели Ѓорѓи Христовски од Скопје.

Граѓаните велат дека најмногу купуваат месни и млечни производи, а вечерта најчесто планираат да ја минат во домашна атмосфера.

-Во план ми е Новата година да ја поминам со најблиските.Планираме оваа година да имаме поскромна трпеза.Ќе има месо и руска салата и нешто за грицкање вели, скопјанката Оливера Михајловска, доавајќи дека цените се високи и сè е поскапено.

Извршени 350 инспекциски надзори во продавници и маркети

Владата на 4 декември донесе одлука да се замрзнат цените на основните прехранбени производи.

Цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, нема да се менуваат до крајот на јануари. Замрзнувањето на цените важи во трговијата на мало и на големо.

-По донесувањето на Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, „Сл. Весник на РСМ “ бр. 270/21 од страна на Државниот пазарен инспекторат извршени се околу 350 инспекциски надзори.По однос на оваа одлука досега немало претставки од страна на граѓаните за непочитување на истата, велат за „Локално“ од Државниот пазарен инспекторат.

Оттаму додаваат дека предвидени се голби доколку се констатира дека во некои продавници и маркети не се почитува владината одлука.

-Глобите за непочитување на Одлуката се движат во зависност од големината на трговскиот субјект, од 800 до 10.000 евра за трговскиот субјект , како и од 50 до 500 евра за одговорното лице и од 150 до 250 евра за трговец поединец, посочуваат од ДПИ.

Б.М.

Слични содржини