За еден месец казнети 1.874 возачи на мотоцикли, 308 возеле без возачка дозвола

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Во текот на јули годинава во акциски контроли спроведени на територија на цела држава казнети се 1874 возачи на мотоцикли.

Од нив, 1266 возачи не користеле заштитна кацига, 308 возеле без возачка дозвола, а 45 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…

Како што соопшти МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови.

Слични содржини