Секогаш сме навикнати да ја гледаме српската пејачка Јелена Карлеуша во провокативни и голи изданија, дури и кога температурите се ниски.
Дури и во овие есенски, но се уште не толку студени денови, ЈК не се откажува од својот препознатлив стил, па ја објави својата најнова, полу-зимска комбинација облека со своите следбеници на Инстаграм.
Горе во дебел волнен џемпер, поточно ролка под која би се рекло дека нема градник, а долу има волнени шорцеви во иста, беж боја, кои покриваат само минимално. Стајлингот го заврши со длабоки чизми, а во раката носи скапоцен „детал“ – чанта на позната модна марка.
Како што и самата напиша во коментар, ова се нејзините омилени есенски бои, а судејќи според реакциите на обожавателите, овој моден „излет“ на Јелена е полн погодок!