Пред околу една деценија руските лекари почнуваат да забележуваат чудни рани по телата на некои наркозависници во болниците во Сибир и на Далечниот Исток на Русија, односно делови од кожата кои се затемнуваат и стануваат груби, исто како кожата на крокодил. Откривањето на причината за тоа не трае долго – пациентите се инјектираат со нов вид дрога, која очекувано ја нарекуваат “крокодил”. (Според некои името доаѓа од една од состојките алфа-хлорокодид). Видео со штетите кои ги нанесува оваа дрога “нагризување на телото” , брзо се раширија во светската мрежа. Сега има информации дека дрогата веќе се употребува и во САД, пишува Time.
Според американските власти стравувањата од претстојна епидемија на дрогирање ссо крокодил се претерани. Тешко е сепак човек да не се плаши од дрога, која остава по телата на жртвите лузни како на влекачи. Особено кога е толку лесна за производство.
Турбо-фолк децениска изолација
Едно наркозависник може да си приготви крокодил со состојки и кујнски прибор, купени од соседната аптека и продавница. Активната состојка кодеин е лесен опијат и се продава без рецепт во многу земји. Го мешаат кодеинот со различни работи, како на пример разредувач за боја, хлороводородна киселина и црвен фосфор, изваден од кибрит.
Резултатот е заматена, жолта течност со остар мирис. Таа го постигнува ефектот на хероинот, но со многу пониска цена. Во Европа пример доза крокодил чини само неколку долари, во споредба со 20 долари за доза хероин. Зависниците сепак плаќаат скапо за о евтиниот крокодил. Каде и во телото да се инјектира течноста, крвните садови пукаат и нивната ткиво умира, понекогаш паѓа на парчиња од коските.
Овој несакан ефект е во основата на другиот прекар на крокодил – Дрогата на зомби. Откако човек ќе се навлече на крокодил, тој живее само две или три години. Дрогата брзо се шири меѓу руските наркозависници. Во 2005 година, локалните власти најавија дека откриваат само еднократни случаи на неговата употреба.
Шест години подоцна, во првиот квартал на 2011 година, властите конфискуваат 65 милиони дози, или со 23 пати повеќе во споредба со две години пред тоа. Во истата година крокодил е користен од 1 милион наркозависници во Русија.
Воведената на 1 јуни 2012 година во Русија забрана за продажба на кодеин без рецепт го симна бројот на корисниците на дрога значително, но многумина сега ја набавуваат оваа клучна состојка на црниот пазар.
Врвот на епидемијата на дрога крокодил може и да е поминат во Русија, но се појавуваат информации за неговата употреба и на други места. Во октомври во САД беше соопштено за 30-годишен наркозависник од Мисури, чиј прст “паѓа” и чија кожа почнува да гние, откако се инјектирал со крокодил.

