216
Двајца кандидати за градоначалник на мексиканскиот град Мараватио се убиени за неколку часа, соопштија денеска локалните власти.
Убиени се кандидатот на партијата Национална акција, Армандо Перез и кандидатот на Морена, Мигел Анхел Завала.
Двајцата се пронајдени мртви во нивните автомобили.
„Ова го покажува исклучително сериозното ниво на насилство и недостатокот на безбедност што преовладува пред најважните избори во историјата на Мексико“, напиша лидерот на Националната акција Марко Кортес на социјалните мрежи.
Од партијата Морена изјавија дека убиството на Завала е „кукавички и осудувачки чин“.
Парламентарните избори во Мексико се закажани за 2 јуни годинава, а предизборната кампања официјално започнува во петок на 1 март.