Германската Централа за здравствена просвета издаде сексуален прирачник за бегалци. Тој нуди текстови и слики, даваат информации за сексуалниот живот во западното општество. Им треба ли на бегалците таков прирачник?- анализира DW.
На 12 јазици, меѓу кои арапски, турски и албански, порталот www.zanzu.de нуди информации за човечкото тело, здравјето и сексот – во текст и слики. Иницијативата е на германската Централа за здравствена просвета, од каде објаснуваат дека во многу земји воопшто не се обрнува внимание на сексуалното воспитување на адолесцентите, како и дека многу од бегалците доаѓаат од држави во кои темата за сексот е табу.
“Сајтот не е создаден заради новодојдените бегалци, ниту пак е реакција на настаните од новогодишната ноќ во Келн”, објаснува Кристине Винкелман од Централата за здравствена просвета. Работата на создавање на порталот е започната пред три години – многу пред најголемиот бегалски поток да се упати кон Германија во 2015 година Тој е ко-дело на експерти од Централата за здравствена просвета и белгиската невладина организација “Sensoa”. Идејата настанала откако повеќе лекари и вработени на разлчини информативни центри почнаа да упатуваат барања до Централата. “Така е и замислен порталот – да ја помага работата на експертите кога ги советуваат своите клиенти или пациенти по различните аспекти на сексуалноста”, вели Винкелман за Дојче Веле.
Европа е најблиску до употребата на нуклеарно оружје од Втората светска војна наваму
Според овој корисник на Twitter, информациите на сајтот се толку важна што дури и треба да биде преведен на повеќе јазици.
.@EU_Commission or @Europarl_EN should adopt zanzu.de and translate it in all the languages of the EU. SexEd is an important subject. #Zanzu
— Emanuele Casadio (@emanuelecasadio) March 9, 2016
Дискретни, но и директни информации Сајтот е достапен само три недели, а веќе има 20 000 посетители на ден. Таму се објаснуваат основните концепти и норми поврзани со сексуалниот живот во западното општество. Информациите вклучува шест тематски комплекси: човечкото тело, планирање на семејството, болести, сексуалност, интимни врски и закони. Во форма на кратки текстови, цртежи и записи со правилно изговарање на зборови и концепти, zanzu.de објаснува прашања поврзани со бременоста и лична хигиена, покажува различни секс пози, дури и нуди анимација како правилно се става кондом. На сајтот странците можат да се информираат и за тоа како функционира здравствениот систем во Германија и каде најблиску до нив работи информативен центар за овие прашања. “На мигрантите им треба разбирлива за нив и веродостојна информација за прашањата поврзани со сексуалноста и човековата репродукција”, вели Елке Фернер од германското Министерство за здравство. Според нејзините зборови, “сајтот дава на мигрантите можност за дискретна, но и директна информација по одделни прашања”. Наивна или важна услуга? Меѓутоа, сите не мислат така. на многумина не им се допаѓа идејата за создавање на веб-сајт со слична содржина и ги обвинуваат властите дека ги сметаат мигрантите за премногу необразовани луѓе. Други пак стравуваат од можни злоупотреби со информациите објавени на сајтот. Има и луѓе кои се непријатно изненадени од тоа дека сајтот покажува цртежи на маж и жена со различна боја на кожата.
#Zanzu sex education website is packed with useful information yet for some people depictions of interracial couples are ‘problematic’
— Lejla Kurić (@Leila_Creative) March 13, 2016
“Да не германските власти случајно се побркале?”, Коментира Анаби Шунке на сајтот Tichys Einblick. Во написот уште се наведува дека мигрантите не се луѓе кои не знаат како се става кондом, туку такви, на кои никој не им кажал дека жените се исто така рамноправни човечки суштества и дека силувањето и гениталните обрежувања кај жените се забранети. “Наивно е да се верува дека неколку пиктограми или еден интеграциски курс може да избришат се што овие луѓе научиле во текот на целиот живот”, вели уште Шунке.
Од порталот www.zanzu.de може да се научи дека сексуалното насилство е кривично дело кое се гони од законот, како и дека не е прифатено партнерот, вклучувајќи Брачниот, да биде заплашуван, силуван или пак да биде тепан. А исто така и фактот дека гениталните обрежувања на жените се забранети во цела Европа.
