Кратко по официјалниот датум на објавување на новата епизода на популарните „Пријатели“ на 27 мај, Booking.com нуди уникатно искуство – за помалку од 20 американски долари можете да престојувате во њујоршка реплика на стан и други простории каде што се снимаше една од најпознатите американски серии, пишуваат американските медиуми.
Во хотелот The Friends Experience, лоциран во населбата Gramercy на Менхетен, на 130 исток, на аголот на 23-тата улица и авенијата Lexington, на заинтересираните им се нуди ноќевање во апартманот на Моника и Рејчел за само 19,94 долари.
И иако сцените од серијата беа снимени во студио во Лос Анџелес, надворешноста на зградата во која живееја познатите Пријатели се наоѓа во Њујорк.
Friends Experience е двоспратен простор во кој посетителите имаат на располагање 18 соби со оригинални реквизити и носии и можно е да се рекреираат најпознатите сцени од серијата.
Заинтересираните можат да ѕирнат низ пурпурната врата од станот во кој живееја Рејчел и Моника и да се релаксираат на фотелјата на Чендлер и Џои откако ќе одиграат партија фудбал на маса или ќе пробаат некои од оригиналните носии од серијата.
За посетителите се организира посебна вечера навечер, а наутро тие можат да седат во култниот портокалов тросед со кафе и колачи во познатиот Централ Перк, кафуле во кое редовно се собираа славните шестмина.
Цената на една вечер овој пат е исклучителна сума од 19,94 долари, што е симболична, бидејќи првата епизода од серијата беше премиерно прикажана во 1994 година, а можно е да се резервира престој од најмногу две ноќи по ред.
Резервации може да се направат на 21 мај за престој во апартманите во недела на 23 мај или во понеделник на 24 мај.
The Friends Experience, сместено во Њујорк и Чикаго, е отворено во текот на целата година.