За прв пат интонирана изменетата британска химна (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
222 прегледи

Луѓето собрани во катедралата Свети Павле во Лондон за прв пат ја испеаа изменетата национална химна на Велика Британија по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Со смртта на кралицата и новото владеење на кралот Чарлс Трети, зборовите на националната химна веднаш беа сменети од „Господе чувај ја кралицата“ во „Господе чувај го кралот“, пренесува „Би-би-си“.

Химната беше интонирана по комеморацијата одржана во катедралата во спомен на покојната кралица.

Тие зборови последен пат беа испеани во 1952 година, кога беа сменети во „Кралица“ по смртта на кралот Џорџ Шестти и крунисувањето на кралицата Елизабета. Со новиот крал и машкиот наследник на тронот, принцот Вилијам, химната најверојатно ќе остане „Господе чувај го кралот“.

Нема официјален автор на химната, но се чини дека песната датира од 18 век. Една од најраните забележани изведби на песната била дадена од Томас Арне во Кралскиот театар во 1745 година, кога јакобитскиот „млад претендент“ принцот Чарлс Едвард Стјуарт, кој се нарекувал Чарлс III, се претставил себеси на британскиот трон.

Слични содржини