Веќе ве информиравме дека шефот на Amazon го надмина Бил Гејтс во листата на најбогатите луѓе во светот. Само неколку месеци подоцна, Џеф Безос може да се пофали дека ситуацијата се повторува, но овој пат со неговата компанија.
Најновите податоци на BusinessInsider откриваат дека пазарната капитализација на Amazon за прв пат од нејзиното основање е поголема од пазарната капитализација на Microsоft. Во моментов, акциите на гигантот вредат 1.451 долар, што значи дека нивниот бизнис се проценува на 702,46 милијарди долари.
Ова е 2,7% повисоко од пазарната капитализација на Microsоft (700,56 милијарди долари), што автоматски го прави Amazon трета по големина американска компанија. Во овој престижен пласман, гигантот предводен од Џеф Безос е надминат само од Alphabet (744,73 милијарди долари) и Apple (849,24 милијарди долари). Набљудувачите на пазарите за Insight предвидуваат дека акциите на Amazon во текот на изминатата година се зголемиле за 72%.
Ако компанијата продолжи да се развива со иста стапка, ќе бидат потребни само неколку месеци нејзините акции да надминат 1.655 долари. Тоа ќе биде доволно за Amazon да ја надмине Alphabet и да стане втора најголема американска компанија.
Времето ќе покаже дали ова ќе се случи, но факт е дека изминатите неколку месеци беа исклучително успешни за најголемиот онлајн шопинг синџир. Така, веќе по подолго време, Microsоft не е во првите три најголеми американски компании.