За првпат по 42 години, Франција ќе увезува струја

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Белгиските и француските власти најавија дека ќе го удвојат капацитетот за размена на електрична енергија на нивните гранични далноводи.

Станува збор за проект стар речиси десет години и ќе и помогне на Франција оваа зима доколку таа земја остане без струја.

Оваа гранична мрежа, создадена во 1974 година, е долга 43 километри и ги поврзува јужниот дел на Белгија и северниот дел на Франција.

Тие далноводи ќе можат да снабдуваат електрична енергија за околу шест милиони домаќинства од двете страни на границата во текот на зимата, објавија електродистрибутивните компании на Белгија и Франција.

Француските власти претходно најавија дека поради недостапност на нуклеарни извори земјата ќе мора да увезува струја од соседите.

Оваа зима за прв пат по 42 години Франција ќе биде увозник на струја од соседите од Белгија, Германија, Шпанија и Велика Британија, поради најниското ниво на производство од нуклеарните централи.

Многумина во Франција изразија страв од можен недостиг на електрична енергија, особено во јануари.

Слични содржини