За само 10 месеци постоење РЕС го презеде снабдувањето со електрична енергија на 250 компании

од Radmila Tasevska
159 прегледи

РЕС (Reneweble Energy Supply), македонски снабдувач со електрична енергија, заклучно со 1 февруари, снабдува 250 компании со електрична енергија обезбедувајќи им најповолни услови, односно најниски цени со најквалитетна испорака и пакети според потребите на клиентите. 

Уште 15 нови реномирани фирми од февруари 2023 година донесоа одлука да се снабдуваат преку РЕС, искористувајќи ја можноста да добијат електрична енергија по најниски цени и во значаен дел од обновливи извори. 

Основан е во март 2022 година, РЕС брзо се наметна како лидер во снабдувањето со електрична енергија и снабдува исклучиво компании од приватниот сектор кои го сочинуваат јадрото на економската активност во земјата. 

РЕС сигурен и најдобар партнер на македонското стопанство го направија понудата на сопствена зелена електрична енергија по пониски цени, увозна електрична енергија по цени под берзанските и комбинација на пакети според барањата на клиентите.

Слични содржини