За само 100 денари, четиричлено семејство доби стан преку инстант-лоз на Државна лотарија

од Nikola Popovski
357 прегледи

Со радост споделуваме дека клучевите од третиот стан од инстант лозот „Доме, сладок доме“ ги предадовме на Рајне и Никола Лазаревски од Скопје.

За само 100 денари, четиричлено семејство ќе влезе во својот нов дом „изгребан“ на инстант лозот Доме, сладок доме. Станот со големина од 41,7 квадрати и подрум. Добивката изнесува вкупно 3 372 883 денари, со сите платени давачки.

Брачниот пар Лазаревски,од скопската населба Косела Вода, со возбуда го разгледуваа својот нов стан, раскажувајќи ни ја среќната приказна. Имено, Никола заради работните обврски секојдневно патува низ државата. Патувајќи во различни градови тој од секој град се враќал дома со по неколку инстант лозови. Сепак, среќата била блиску до него, бидејќи ја пронашол во својата населба – Кисела Вода, на продажното место „АН-ДАР Компани“.

Никола купил два лоза – „Златна рипка“ и „Доме, сладок доме“, но не ги изгребал на продажното место, туку ги понел дома за да ги изгребаат заедно со сопругата. Никола и Рајне, во навидум обичниот ден, и не помислувале дека ќе изгребат добитен број со што наскоро ќе станат сопственици на стан во една од најубавите згради во Скопје, во атрактивно соседство, за само 100 денари.

„Едноставно не ни се веруваше во тоа што го гледаме, не заспавме цела ноќ. Нестрпливи бевме да отидеме во просториите на Државна лотарија за да ни ја потврдат добивката и да се увериме дека ова не е сон.“ – ни раскажа Рајне, не криејќи ја својата возбуда.

Откако го потпишаа договорот и ја подготвивме комплетната документација, Никола, Рајне и дечињата го видоа својот нов сладок дом кој се наоѓа во среќната зграда на улица Методија Шаторов Шарло, во населба Аеродром.

Државна лотарија им посакува многу среќа во новиот дом, а ние ќе ги чекаме следните добитници, бидејќи има уште два стана.

Слични содржини